недела, 27. септември 2020. Вести денес: 36
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Седуммина загинати во пожар во фабрика во Тајван

Седуммина загинати во пожар во фабрика во Тајван

Седум лица загинаа во Тајван при голем пожар кој избувна во текот на ноќта во фабрика за производство на микрочипови, соопшти Централната информативна агенција на островот.

Меѓу жртвите се двајца работници од Тајланд и петмина пожарникари.

Други седум лица од спасувачкиот тим се повредени и хоспитализирани. Двајца од нив, според лекарите, се наоѓаат во тешка состојба.

Се уште не е позната причината за пожарот. (МИА)

Коронавирус