петок, 25. септември 2020. Вести денес: 48
home Вести

Седум жртви во пожар во фабрика за пиротехника во Индија

Седум жртви во пожар во фабрика за пиротехника во Индија

Најмалку седум лица загинаа во денешниот пожар во фабрика за пиротехника во јужната индиска држава Тамил Наду.

Жртвите се шест работнички и сопственичката на фабриката, а во инцидентот се повредени уште две жени.

Полицијата информира дека пет жртви починале на самото место, а две подоцна им подлегнале на повредите.

Истрагата за пожарот е во тек. (МИА)

Коронавирус