сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 81
home Вести

Седум рудари отсечени по експлозија во јагленокоп во Полска

Седум рудари отсечени по експлозија во јагленокоп во Полска

Експлозија во рудник за јаглен на југот на Полска денеска отсече седуммина рудари кои се водат како исчезнати.

Инцидентот се слуќил денеска околу пладне во рудникот Јастржебје, во близина на границата со Чешка. Четворица рудари успеале да излезат од окното по потресот, но седуммина се водат како исчезнати, на 900 метри под земјата. Спасувачките екипи пробиваат нов тунел за да стигнат до рударите, но поради високите нивоа на гасот метан, спасувањето се одвива отежнато.

МИА

Коронавирус