вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 147
home Вести

Седум лица се задржани на распит во врска со терористичкиот напад во Стразбур

Седум лица се задржани на распит во врска со терористичкиот напад во Стразбур

Седум лица се задржани на распит во врска со терористичкиот напад во Стразбур извршен во вторникот, соопшти денеска францускиот главен обвинител за борба против тероризмот Реми Ејц.

Меѓу задржаните се четири члена на семејството на Шериф Шекат, идентифициран като изврштел на нападот на божиќниот базар во источниот француски град, шри што беа убиени три лица. Останатите тројца приведени, исто така се лица блиски на Шекат.

Иследниците се обидуваат да дознаат дали некој му помогнал или го поттикнал Шакат да го изврши нападот и дали некој му помогал изминатива два дена додека се криеше.

Шакат беше убиен минатата ноќ од страна на француската полиција.

Според обвинителството, четворица од 13-мината повредени во нападот сè уште се во болница, а еден од нив е во критична состојба.

Коронавирус