среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 179
home Вести

Седница на ОН за Косово

Седница на ОН за Косово

Белград е подготвен да продолжи со дијалогот со Приштина, доколку се создадат услови, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на синоќешната седница на ОН за Косово.

Тој истакна и дека исклучиво Приштина е одговорна што во моментов нема дијалог.

– Србија е подготвена утре да ги продолжи разговорите, под услов да бидат исполнети условите, рече Дачиќ на сесијата посветена на ситуацијата на Косово.

Шефот на УНМИК Захир Танин изјави дека по изборите во Косово, меѓународната заедница очекува новите лидери да ја потврдат својата посветеност на разговорите со Белград и да ги отстранат пречките за дијалогот.