понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 185
home Вести

Се зголемува бројот на загинатите во протестите во Ирак

Се зголемува бројот на загинатите во протестите во Ирак

Бројот на загинати во антивладините протести во ирак денеска се зголеми на 44 жртви, а повредени се повеќе стотици луѓе.

Насилството продолжи и денеска, и покрај полицискиот час кој е воведен во Багдад и уште неколку градови.

Полицијата денеска пукаше во мала група демонстранти во близина на плоштадот Тахрир во Багдад, од кои многумина ноќта ја поминаа на улица.

Премиерот Адел Абдул Махди во телевизиско обраќање рече дека не постои „магично решение“ за проблемите во Ирак, но вети дека ќе работи на закони кои на сиромашните ќе им овозможат основна заработка и оти ќе се бори против корупција.

Тој ги бранеше безбедносните сили истакнувајќи дека тие почитуваат строги правила во борбата против „прекумерно насилство“.

Адел Абдул Махди додаде дека ескалацијата на протестите води кон насилство.

Локални избори 2021