Во топлотниот бран во јужните делови на канадската провинција Квебек почнаа најмалку 54 луѓе, соопштија властите, пренесува Би-Би-Си.
Топлото време почна минатиот петок, а температурите достигнаа до 35 целзјусови степени и голема влажност.
Билансот на загинати се качува секој ден, а најголемиот број на жртви се на возраст од 50 до 85 години.
Овој топлотен бран е еден од најстрашните кои ја погодиле оваа провинција во последните декади.
Топлото време трае два дена повеќе од сличен бран кој ја погоди провинцијата во 2010., но предупредувањата беа тргнати вчера откако температурата почна да се намалува.
Се очекува температурите да останат некаде околу 30 целзјусови степени во следните неколку денови.
Здравствените власти во Квебек оваа недела препорачуваше луѓето да пијат многу вода, да ја намалат физичката активност и да останат во затворен простор.