среда, 24. април 2019. Вести денес: 159
home Вести

Се запали автобус полн со туристи, загинаа 26 лица

Се запали автобус полн со туристи, загинаа 26 лица

Во пожар кој изби во туристички автобус на автопат во централната кинеска провинција Хунан настрадаа 26 лица и уште 30 луѓе се повредени.

Се наведува дека петмина повредени се наоѓаат во критична состојба.

Инцидентот се случил синоќа по локално време во градот Чангде во округот Ханшоу.

Во автобусот биле 56 лица, меѓу кои 53 патници, туристички водич, како и двајца возачи, кои се приведени додека властите не ги утврдат причините за пожарот.

Фотографиите од самото место на несреќата покажуваат дека автобусот е целосно јагленисан, а Ројтерс наведува дека е можно пожарот да избил поради материјалот кој бил бо возилото.