четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Вести

Се влошува здравствената состојба на Навални, го губи чувството во рацете и нозете

Се влошува здравствената состојба на Навални, го губи чувството во рацете и нозете

Здравствената состојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални се влошува и тој почнува да го губи чувството во рацете и нозете, изјави неговиот адвокат Вадим Кобзев.

Адвокатот кажа дека кај Навални, кој е на издржување затворска казна, се дијагностицирани две хернии на ‘рбетниот столб.

По вчерашната посета на Навални, Кобзев на Твитер напиша дека рускиот опозиционер чувствува болка при одење и изрази загриженост дека неговата болест „очигледно напреднала“, со губење на чувството на нозете, дланките и зглобовите, пренесе Би-Би-Си.

Навални, кој издржува затворска казна во траење од две и пол години, минатата недела почна штрајк со глад во знак на протест, како што наведе, одбивањето на затворските власти да го третираат правилно за акутните болки во грбот и нозете.

Казнено-поправниот дом ги негираше неговите тврдења, наведувајќи дека му е укажана целата медицинска помош, во согласност со индикациите

Коронавирус