четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Се уште гори најголемиот песочен остров во светот

Се уште гори најголемиот песочен остров во светот

Австралиските пожарникари се борат со огромниот пожар на познатиот туристички остров Фрејзер, кој веќе шест недели не можат да го стават под контрола.

Голем број туристи биле принудени да се евакуираат, бидејќи огнот се приближил до повеќе познати туристички места на островот.

– Пожарникарските служби работат на локализирање на пожарот, но можеби нема да можат да го заштитат целиот имот, се наведува во соопштението.

Пожарот на островот Фрејзер е предизвикан од незаконско палење логорски оган.

Во 1992 година островот е ставен на листата на светско наследство на УНЕСКО поради своите уникатни шуми и природни убавини. Фрејзер е најголемиот песочен остров во светот и има единствена прашума која расте на песок.

Коронавирус