петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Вести

Се уште е нејасно дали ќе има публика на „Ролан Гарос“

Се уште е нејасно дали ќе има публика на „Ролан Гарос“

Отвореното првенство на Франција во тенис е одложено за уште една недела и ќе се одржи од 27 септември до 11 октомври, потврдија организаторите на турнирот.

Квалификациите ќе се одвиваат од 21 до 25 септември. Гренд-слем турнирот во Париз првично беше закажан за мај и јуни, но беше одложен за 20 септември поради пандемијата од коронавирус.

Дали ќе им се дозволи пристап на навивачите, сè уште не е јасно, но организаторите на „Ролан Гарос“ соопштија дека ќе работат со француската влада за да се обезбеди безбедноста на сите присутни.

Локални избори 2021