сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 94
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Се урна руски воен школски авион кај Краснодарск, пилотот загина

Се урна руски воен школски авион кај Краснодарск, пилотот загина

Во пад на руски воен школски авион „Л-39“ во регионот на Краснодарск погина пилотот, соопшти руското Министерство за одбрана.

-Борбениот школски авион се урна денеска во текот на рутиски лет во регионот на Краснодарск, околу 16 часот по московско време, соопшти министерството, пренесе Тасс.

Авионот не бил вооружен, а пилотот, кадет на военото училиште, не успеал да се катапултира и погинал во несреќата.

Спасувачките екипи се не терен и работат на увидот на местото на падот на авионот.

Коронавирус