четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 14
home Вести

Се урна мал авион во Чиле, шест лица загинаа

Се урна мал авион во Чиле, шест лица загинаа

Мал авион се урна врз една куќа во Пуерто Монт во Чиле, при што загинаа шест лица, соопштија градските власти.

Авионот се урнал во близина на аеродромот „Ла Палома“ во покраината Лос Логос.

Противпожарните тимови се обидуваа да го угаснат огнот за да не се прошири на соседните објекти. Авионот се урнал веднаш по полетувањето и имал полн резервоар гориво.

Во несреќата загинаа пилотот и петмина патници.

Коронавирус