сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Се укинуваат рестриктивните мерки и во дел од земјите на Блискиот Исток

Се укинуваат рестриктивните мерки и во дел од земјите на Блискиот Исток

Иран дозволи повторно отворање на џамиите во 132 градови, каде верските објекти беа затворени поради пандемијата со новиот коронавирус.

Џамиите ќе бидат отворени во градовите со мал ризик, но не и во Техеран и во шиитскиот свет град Мешад.

Но, и покрај тоа, иранскиот претседател Хасан Рохани ги предупреди граѓаните да се подготват за полоши сценарија.

Властите во Либан дозволија повторно отворање на рестораните и фризерските салони, но само за 30 отсто од капацитетите. На граѓаните ќе им биде дозволено да шетаат покрај море во текот на денот.

Египет дозволи ограничено отворање на хотелите за домашните туристи. Хотелите ќе работат со 25 отсто од капацитите и е мора да спроведат низа здравствени мерки.

ЕУРО 2020

Македонија