петок, 14. мај 2021. Вести денес: 102
home Вести

Се укинуваат мерките за вакцинираните во Германија

Се укинуваат мерките за вакцинираните во Германија

Во Германија, според предлог-законот одобрен од Владата, луѓето кои се вакцинирани со двете дози против Ковид-19 повеќе нема да имаат потреба да го почитуваат полицискиот час.

– Исто така, ќе им биде дозволен пристап до продавници и други објекти без да обезбедат негативен ПЦР тест, што во моментов се бара од останатиот дел од населението, изјави министерката за правда Кристин Ламбрехт.

Мерките може да стапат на сила овој викенд доколку бидат одобрени од Парламентот.

Коронавирус