петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 69
home Вести

Се укинуваат дел од рестриктивните мерки во ЕУ за патување во текот на летото

Се укинуваат дел од рестриктивните мерки во ЕУ за патување во текот на летото

Земјите-членки на Европска Унија денеска се согласија да укинат дел од ограничувањата за патувања во текот на летото, а целосно вакцинираните туристи ќе бидат ослободени од вакцинација или изолација, изјавија неуменувани дипломати.

Тие посочија дека ќе се прошири списокот на европски региони од кои е „безбедно да се патува“.

– Амбасадорите од 27. земји-членки на ЕУ го одобрија модифицираниот предлог на Европска комисија луѓето кои ја примиле последната доза на вакцина пред 14 дена или повеќе да немаат ограничувања за патување во друга европска земја, изјавија тројца неименувани европски дипломати.

Ограничувањата за другите патници предвидено е да се засноваат на епидемиолошката состојба во земјата од која патуваат. Системот треба да биде подготвен за имплементација на 1 јули.

ЕУРО 2020

Македонија