петок, 4. декември 2020. Вести денес: 89
home Вести

Се стабилизира цената на нафтата

Се стабилизира цената на нафтата

Цените на нафтата на светските берзи денеска се стабилизираа на нивото од над 67 долари по целодневната бурна трговија на меѓународните пазари, бидејќи по почетната паника меѓу вложувачите заради иранскиот ракетен напад врз американските цлеи во Ирак надвладеа мислењето дека судирот нема да има натамошна ескалација, јави Хина.

На лондонскиот пазар цената на нафтата за барел попладнево беше во минус за 49 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 67,78 долари. Утринава на кратко таа скокна на 71,75 долари, што претставуваше највисокото ниво од средината на минатиот септември.

На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше за 76 центи пониска цена, од 61,94 долари. Утринава за кратко време таа достигна цена од 65,85 долари, највисокото ниво од крајот на минатиот април.

Коронавирус