недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Вести

Се сруши воен авион врз француски град

Се сруши воен авион врз француски град

Белгиски воен авион марка „Ф-16“ се сруши врз населено место на западот во Франција, соопштија локалните медиуми.

Еден од пилотите паднал врз восоковолтажен далековод. Информациите се дека авионот паднал врз градот Плувињер.

Едниот пилот поминал без повреди, а спасувачите се обидуваат да го симнат вториот пилот од далеководот.

Подрачјето каде паднал авионот е евакуирано, никој од жителите на градот не е повреден, јавуваат локалните медиуми.