петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Се сруши покрив на стадион во Русија, работник пропадна во рушевините заедно со покривот (ВИДЕО)

Се сруши покрив на стадион во Русија, работник пропадна во рушевините заедно со покривот (ВИДЕО)

Еден работник остана затрупан во рушевините кога, за време на демонтажа, се сруши покрив на спортски и концертен комплекс „Петербург“ во Русија.

– За време на демонтажата, покривот на стадионот се сруши, а се претпоставува дека еден работник е останат под рушевините. Руското министерство за вонредни ситуации спроведува операции за потрага и спасување – стои во соопштението на секретаријатот за вонредни ситуации.

На видео-снимката од инцидентот може да се забележи еден работник кој не успева на време да се искачи на градежната опрема и паѓа од покривот.

Коронавирус