Девет лица загинаа во пад на мал хидроавион на северниот хавајски остров, Оаху.
Малиот двомоторен авион од типот Кинг Ер се урна во близина на аеродромот Дилингам на островот Оаху , по што се запалил и целосно изгорел.
Хавајското министерство за сообраќај соопшти дека загинале сите девет патници и членови на екипажот.