четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Се спојуваат два автомобилски гиганти

Се спојуваат два автомобилски гиганти

По неколкудневни преговори, „Фиат Крајслер“ (ФЦА) предложи „трансформативен” договор за спојување со француската автокомпанија „Рено“, соопшти италијанско-американскиот гигант.

Со таа спогодба би се создал производител на автомобил што би продавал 8,7 милиони возила годишно, на сите клучни пазари. Благодарение на новите технологии, таквата компанија ќе има и до пет милијарди евра годишна заштеда, наведува ФЦА.

– Широкото и комплементарно портфолио на двата бренда би овозможило целосна покриеност на пазарот, од луксуз до секојдневие, се додава во соопштението на ФЦА.

По исплата на специјална дивиденда од 2,5 милијарди евра на акционерите на ФЦА, секоја групација би добила по 50 отсто од комбинираниот ентитет во нови акции.

Притисокот за консолидација меѓу производителите на автомобили е предизвикан од електрификацијата, заострување на прописите за емисија на штетни гасови и поскапите нови технологии.