сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Се шират протестите низ Америка, воведен полициски час

Се шират протестите низ Америка, воведен полициски час

Во шест градови во САД е воведен полициски час, откако судирите меѓу демонсрантите и полицијата ескалираа во екстремно насилство.

Протестот во Лос Анџелес поради бруталното убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, почна мирно, но брзо премина во туркање и премина во сериозен судир. По 30 минути гореше полициско возило, а уште осум беа уништени. Повредени беа неколку учесници на протестот, кои полицајците ги претепаа со пендреци. На помалку од еден метар полицијата пукаше и со гумени куршуми кон демонстрантите. Градските власти најавија дека ќе воведат полициски час за да спречат понатамошно насилство, по што страстите се смирија.

Пет полициски возила пак беа уништени во Кливленд, каде беа искршени и стаклата од локалното обвинителство. Слични сцени имаше во Портланд, Чикаго, Њујорк, а во неколку градови вклучувајќи ги Атланта, Портланд, Минеаполис , Луивил и Коламбус се воведе полициски час.

Во Минеаполис, кој е на работ на војна, синоќа настрада и една фоторепортерка. Линда Тирадо, позната фоторепортерка, политичка активистка и новинарка остана без едно око за време на протетсот кога полицијата ја погоди со гумен куршум.

Полицаецот кој го уби Флојд, Дерек Шовин е уапсен, но Американците сакаат неговото обвинение да биде за убиство со предумисла и да бидат уапсени тројцата други полицајци кои учествува при апсењето.

Парламентарни избори 2020