понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 76
home Вести

Се роди Каролина: Доналд Трамп по десетти пат стана дедо

Се роди Каролина: Доналд Трамп по десетти пат стана дедо

Семејството на американскиот претседател Доналд Трамп е побогато за уште еден член.

Неговиот син Ерик објави дека добил ќерка.

Ерик и Лара Трамп денеска добиле девојче кое го доби името Каролина Дороти Трамп. Ова им е второ дете, имаат едногодишен син Ерик Лука Трамп.

Девојчето е десетто внуче на 73- годишниот Доналд Трамп, кој е татко на пет деца, родени во брак со неговите три сопруги.