петок, 3. декември 2021. Вести денес: 126
home Вести

Се развива вакцина против Ковид-19 која се прима преку уста

Се развива вакцина против Ковид-19 која се прима преку уста

Резултатите се ветувачки.

Испитувањата на експерименталната орална вакцина како „бустер доза“ против коронавирус кај мајмуни, која би можела да се дава и на луѓе кои веќе имаат антитела од претходно вакцинирање или прележување на болеста, покажале ветувачки резултати и најверојатно наскоро ќе се тестира врз луѓе, објави фабриката која ја развива оваа вакцина.

Оралната „бустер доза“ на вакцината користи традиционална технологија на вакцини во која безопасен вирус-носител доставува протеини од коронавирус до клетките на површината на јазикот или на слузницата на образот и грлото, стимулирајќи го производството на антитела кои можат да го блокираат вирусот пред да се вкорени во телото, вели др. Стивен Расел, извршен директор на „Vyriad“ во Рочестер, Минесота, кој ја водел студијата.

„Не само што оралната вакцина против Ковид-19 би била поедноставна и поприфатлива, туку би можела да доведе и до подобар имунитет затоа што се применува на место каде коронавирусот обично доаѓа во телото“, додава тој.

Кај мајмуните за една недела по вакцинирањето развивањето на антитела пораснало за речиси 100 пати, без нуспојави, вели Расел.

Резултатите од студијата се објавени на „bioRxiv“.

Наведено е и дека „Vyriad“ соработува со Американската управа за храна и лекови за планирањето за испитување врз луѓе.

Студијата се уште нема поминато стручна рецензија, пишува „Index.hr.“

Коронавирус