петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Се проценува дека во Америка биле направени 200.000 бункери поради страв од нуклеарна војна, а еве како изгледа еден од нив, кој симулира „нормален“ живот! (ВИДЕО)

Се проценува дека во Америка биле направени 200.000 бункери поради страв од нуклеарна војна, а еве како изгледа еден од нив, кој симулира „нормален“ живот! (ВИДЕО)

Оваа 2020 година поради коронавирусот и општиот карантин ќе остане запаметена како една од потешките во поновата човечка историја.

Некои статистики велат дека дури 70 отсто од Американците биле убедени дека ги чека нуклеарна војна со страшни последици, па поради тоа масовно почнале со изградба на бункери и атомски скривници кои би требало да ги заштитат од евентуален напад.

Се проценува дека се направени околу 200.000 букнери, а некои од нив изгледаат навистина импресивно.

Во Лас Вегас постои еден таков бункер вреден дури 18 милиони долари. Бункерот му припаѓа на претприемачот Џери Хендерсон, кој се збогати благодарение на компаниите Avon cosmetics и Gulfstream aerospace corp.

Тој успел да создаде огромен подземен бункер, а на јавноста се обиде да и објасни зошто треба сите да почнеме да живееме под површината на земјата.

Бункерот е направен осум метри под земја, а се простира на речиси 1.400 квадратни метри.

Направен е така што симулира сосема нормален живот, иако всушност сè се наоѓа под површината.

Целиот простор е осветлен, а присутни се и мотиви од природата, како позадини на кои се гледаат шуми, планини, но и градови, што дури на момент изгледа дека станува збор за најобично место над површината на земјата.

Погледнете како изгледа огромниот бункер:

Коронавирус