петок, 4. декември 2020. Вести денес: 163
home Вести

Се препорачува физичка дистанца и меѓу домашни миленичиња

Се препорачува физичка дистанца и меѓу домашни миленичиња

Американскиот Центар за контрола на заболувањата (ЦДЦ) препорачува граѓаните кои ги шетаат домашните миленичиња да држат физичко растојание од најмалку два метри не само меѓу себе, но и меѓу миленичињата. За мачките пак, се препорачува да се држат дома.

ЦДЦ исто така препорачува луѓето да ги избегнуваат парковите за кучиња или други јавни места каде се собираат луѓе и кучиња.

Во САД досега се појавија повеќе случаи на пренос на Ковид-19 од луѓе на мачки, како лавови или тигри. Иако мнозинство од епидемиолозите се убедени дека домашните животни не играат некаква улога во ширењето на заразата, тие препорачуваат личност инфицирана од Ковид-19 да не контактира со домашно животно.

Доколку таа личност мора да се грижи за животното, ЦДЦ препорачува обврзно носење маска и миење на рацете пред интеракција со животното.

Првиот случај на животно тестирано позитивно од коронавирус беше забележан кај тигар во Зоолошката градина во Бронкс, Њујорк, на почетокот на месецов. Потоа, во истата зоолошка имаше позитивни случаи на уште четири тигри и три афрички лава.

Друштото за заштита на животинскиот свет соопшти дека тие животни се добри, се однесуваат нормално и јадат, и дека им се намалила кашлицата. (МИА)

Коронавирус