понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 78
home Вести

Се повлекува долгогодишниот директор на „Дајмлер“ Дитер Зече

Се повлекува долгогодишниот директор на „Дајмлер“ Дитер Зече
epa07032337 Dieter Zetsche (R), Chairman of the Board of Management of Daimler AG and Chief Executive Officer of Mercedes-Benz Cars and German Chancellor Angela Merkel (L) pose for a photo as they inspect a vehicle, during the inauguration of Daimler Test and Technology Centre in Immendingen, Germany, 19 September 2018. On the 520-hectare site of Daimler Test and Technology Centre in Immendingen, more than 300 employees will be working on testing assistance systems, autonomous driving functions and electric vehicles of the EQ product and technology brand, among other things. EPA-EFE/RONALD WITTEK

Директорот на германскиот автомобилкси гигант „Дајмлер“, Дитер Зече денеска најави дека ќе се повлече од функцијата во мај 2019 година, по 13 години на чело на компанија.

Зече ќе биде заменет од Швеѓанецот Ола Калениус, кој е негов долгогодишен соработник и ќе да биде првиот директор на „Дајмлер“ кој не е Германец.

Зече ќе остане во компанијата како директор задолжен за идниот развој на „Дајмлер“ и неговите брендови, меѓу кои најпознат е „Мерцедес“, а по две години, според најавите, ќе биде именуван за претседател на Надзорниот одбор.

Како што јави ДПА, се смета дека 65-годишниот Зече е најзаслужен за извлекување на „Дајмлер“ од финансиската криза во 2008 година, како и за модернизирањето на изгледот на возилата на „Мерцедес“, со што ги направи попривлечни за младите купувачи.

„Дајмлер“ се обидува да се реорганизира околу три главни дела – една компанија за производство на автомобили и комбиња, друга за камиони и трета за финансиски услуги.

Коронавирус