четврток, 25. април 2019. Вести денес: 157
home Вести

Се огласи мајката на Џулијан Асанж, има само една молба

Се огласи мајката на Џулијан Асанж, има само една молба

Кристин Асанж, мајката на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска побара од британските власти да бидат нежни кон нејзиниот син, кој е во затвор во Лондон.

Асанж беше уапсен вчера во еквадорската амбасада во Лондон, а мајката на Асанж изјави дека на нејзиниот син му биле скратени свежиот воздух, можноста за вежбање и пристапот до медицинска нега, објави агенцијата АП.

„Ве молам бидете трпеливи, нежни и љубезни кон него“, побарала таа од полицијата и судскиот персонал.

Асанж вчера беше прогласен за виновен од страна на судот во Вестминстер поради кршење на условите за пуштање со кауција, поради што му се заканува затворска казна од 12 месеци.

Судија рече дека Асанж повторно ќе биде изнесен пред судот на 12 јуни, кога ќе се разгледува барањето на САД за неговата екстрадиција.

Асанж претходно се изјасни за невин во врска со тоа дека не им се предал на судските власти.

Основачот на „Викиликс“ се појави пред суд во Лондон, бидејќи таму се разгледува барањето на САД за негова екстрадиција поради кривична пријава за објавување на десетици илјади тајни владини документи.

Асанж беше уапсен вчера во Лондон, откако владата на Еквадор му го укина политичкиот азил.