среда, 14. април 2021. Вести денес: 2
home Вести

Се очекува неделава да биде одобрена вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Се очекува неделава да биде одобрена вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Специјалистите од Администрацијата за храна и лекови (ФДА) на САД заклучиле дека вакцината против Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ (Johnson & Johnson) е безбедна и ефективна.

Како што јави денеска Вашингтон пост повикувајќи се на документи од ФДА, ефективноста на вакцината е 66,1 отсто. Самата компанија претходно соопшти за 64 процентна ефективност според резултатите од третата фаза испитувања, при што ефективноста во САД е 72 отсто, а 57 отсто во Јужноафриканска Република, каде се појавија нови мутации на вирусот.

Од „Џонсон и Џонсо“ очекуваат ФДА да даде зелено светло за употреба на вакцината во петок, а барањето за тоа беше поднесено на почетокот на овој месец. Оваа вакцина се разликува со тоа што е потребна само една доза, наместо две, како што е случај со многу други вакцини.

Моментално во САД одобрение за употреба имаат вакцините на Фајзер/Бионтек и Модерна.  (МИА)

Коронавирус