вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 27
home Вести

Се обидел да ја силува: Келнерка му го отсекла половиот орган на својот газда!

Се обидел да ја силува: Келнерка му го отсекла половиот орган на својот газда!

Шпанската полиција уапсила келнерка, која се сомничи дека му го отсекала половиот орган на својот шеф, кој што наводно се обидел да ја силува.

Таа пред полицијата рекла дека се спротиставила на сексуален напад, а настанот се случил вторникот околу полноќ, пренесуваат светските медиуми.

Неидентификуваната жена, самта се јавила во полиција да го пријави нападот врз нејзе, а мажот веднаш бил префрлен во болница, каде што лекарите би се обиделе отсечениот дел да му го припојат на телото. До изутринава немаше инсормации за успешноста на операцијата, јавуват медиумите.

Како што пренесуваат истите, жената е со потекло од Бангладеш и е околу 30тите години и е задржана во полициска станица.

Полицијата започнала истрага за инцидентот, дали жената тоа го направила во самоодбрана и не се исклучува можноста, сопственикот по заздравувањето да биде уапсен.

Полициски извори откриваат дека жената била со месеци злоставувана и на неколку пати пред да го изврши нападот со нож, била принудена на сексуални односи од спостеникот на кафулето, пренесува Dayli Mail.

Коронавирус