недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Се фалеше со луксуз и позираше со оружје: Гламурозната дилерка пронајдена мртва (ФОТО)

Се фалеше со луксуз и позираше со оружје: Гламурозната дилерка пронајдена мртва (ФОТО)

Клаудиа Очоа Феликс, гламурозна дилерка на злогласниот мексикански нарко картел Синалоа, позната како Кралица на Антраксот, пронајдена е мртва, тврдат на социјалните медиуми.

За Клаудија се верува дека е во врвот на Синалоа и тоа дека го води одредот на убијци Лос Антракс, која ги извршувала највалканите работи за овој картел.

Кога е уапсен лидерот на картелот Хозе Родриго Аречига Гамбоа, познат како Чино Антракс, почнале да кружат приказни дека Клаудија е еден од новите лидери. Таа тоа го негирала, но на Инстаграм уредно ги поставувала своите фотографии како со оружје, позира во незамислив луксуз.

Наводно починала од предозирање, а пронајдена е во Кулијакан, град во мексиканската сојузна држава Синалоа.

Шокантно е тоа што на Инстаграм да има 295.000 следбеници кои се тотално одушевени од нејзиниот животен стил.