понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 178
home Вести

Се борат против коронавирусот, а останаа без плата: Протест на здравствените работници во Богота

Се борат против коронавирусот, а останаа без плата: Протест на здравствените работници во Богота

Болничарите, лекарите и медицинските сестри излегоа на улиците на колумбискиот град Богота за да ги поддржат колегите и да протестираат поради доцнењето на платите среде пандемијата на Ковид-19.

Во придружба на полицијата, здравствените работници застанаа пред клиниката на северот на градот за да им аплаудираат на колегите кои работат таму.

Здравствените работници протестираат и поради тоа што граѓаните не го почитуваат 19-дневниот карантин воведен од државата, кој треба да трае до 13 април, без да наведат дали истиот ќе биде продолжен.

-Многу е тешко да се борите сами. Тешко е кога ќе видите дека заедницата не соработува, кога гледате граѓани како одат по улиците без заштита, рече еден од демонстрантите, пренесува Танјуг.

Медицинската сестра Андрес Мерчан рече дека е должност на здравствените работници да им помагаат на другите, но дека некој треба и ним да им помогне.

Иако колумбиската Влада објави дека ќе бидат уплатени повеќе од 1,47 милијарди долари за борба против коронавирусот, вработените велат дека парите не стигнале до работниците.

-Бараме од Владата да ни помогне, да бидат платени, рече Мерчан.

Во Колумбија се потврдени повеќе од 1.000 случаи на новиот коронавирус, од кои 17 лица починаа. (МИА)

Коронавирус