понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Се бараат 4.000 доброволци за концерт на кој ќе биде утврден ризикот од пренесување на коронавирусот

Се бараат 4.000 доброволци за концерт на кој ќе биде утврден ризикот од пренесување на коронавирусот

Германски научници бараат 4.000 доброволци кои ќе присуствуваат на експериментален концерт на 22 август во Лајпциг, со цел да се утврди ризикот од пренесување на коронавирусот на настани каде има голем број луѓе, јави Дојче веле.

Експериментот е организиран од тим истражувачи од Универзитетската клиника во Хале, во источна Германија. Сите учесници во експериментот, на возраст меѓу 18 и 50 години, ќе треба да имаат негативен резултат на тестот за коронавирусот.

Концертот ќе се одржи на 22 август во Лајпциг, а на него ќе настапи популарниот поп-пејач Тим Бенко, со цел „да се донесе однесувањето на публиката што е можно поблиску до реалноста“, според организаторите.

Волонтерите ќе треба да носат маски за филтрирање FFP2 на концертот, а во експериментот ќе се користи флуоресцентна дезинфекција.

Тоа среедство, освен за заштитни цели, ќе се користи за следење на кои површини најчесто се допира публиката. Покрај тоа, учесниците во експериментот ќе добијат уред кој ќе им овозможи на научниците да ги следат нивните движења и оддалеченоста од другите волонтери.

Научниците веруваат дека најголем предизвик ќе биде проценката на податоците, а планот е да се тестираат три можни сценарија.

Првото сценарио вклучува публиката да влезе на два влеза, без дистанцирање и други мерки за заштита од вирусот.

Второто сценарио предвидува побавен влез на публиката на повеќе влезови, со построги заштитни и хигиенски мерки.

Третото сценарио вклучува волонтери кои седат на трибините на растојание од 1,5 метри едни од други, а 2.000 луѓе треба да учествуваат во овој дел од експериментот.

Експериментот има за цел да утврди под кои услови би било можно да се одржат настани повторно со голем број на луѓе, што треба да се дозволи во Германија од 30 септември.

Коронавирус