недела, 9. мај 2021. Вести денес: 125
home Вести

Се aктивира најголемиот вулкан во Европа: Исфрла лава, тлото се тресе (ВИДЕО)

Се aктивира најголемиот вулкан во Европа: Исфрла лава, тлото се тресе (ВИДЕО)

Најактивниот вулкан во Европа – Етна на Сицилија, еруптираше вчера.

Инструментите забележале повеќе од 130 потреси, најсилниот со 4.3 степени, пренесуваат светските агенции.

Од опсерваторијата е воочен тек на лава од нови пукнатини на југоисточниот кратер. Вулканска пепел ги прекри селата во околината, а привремено се стопирани и летовите на аеродромот во Катанија.

Во понеделникот утрото се слушна силна експлозија близу Етна. На видеоснимките се гледа облак од чад кој достигнува висина од 3350 метри над вулканот. Луѓето во подножјето на планината се повикани да се евакуираат на сигурно.

Италијанскиот вулкански институт измерил повеќе од 130 потреси во рок од само три часа, почнувајќи од 8:50 часот утрото.

Интензивни ерупции

Најсилниот бил со магнитуда од 4 степени на североисточната страна на Етна, близу Piano Pernicane. Останатите биле почувствувани на северното крило.

По потресите следеле интензивни ерупции од новиот кратер на југоисточната страна.

Потресите продолжиле и попладнето и вечерта, кога е забележан најсилниот во целиот ден, со магнитуда од 4.3 степени.

Засега нема информации за материјални штети.

Иако Етна често еруптира, во институтот велат дека од август ерупциите стануваат сé почести, во споредба со минатите години.

Последната поголема ерупција се случила во 1992 година.

Британски тим од експерти во март заклучи дека структурата на најголемиот европски вулкан се движи кон морето за 14 милиметри годишно.

Коронавирус