петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 200
home Вести

СБ одобри 30 милијарди долари за обезбедување на храна

СБ одобри 30 милијарди долари за обезбедување на храна

Светска банка (СБ) соопшти дека ќе стави на располагање 30 милијарди долари за да помогне во снабдувањето со храна, што е отежнато поради руската инвазија врз Украина.

Предвидено е 12 милијарди долари да бидат наменети за нови проекти и повеќе од 18 милијарди долари од постоечките проекти за храна и исхрана кои се одобрени, но сè уште не се исплатени.

– Порастот на цените на храната има катастрофални ефекти врз најсиромашните и најранливите. За информирање и стабилизација на пазарот, клучно е сега земјите да даваат јасни изјави за идното зголемено производство како одговор на руската инвазија врз Украина, изјави претседателот на Групацијата Светска банка, Дејвид Малпас.

СБ најави и дека очекува нови проекти за поддршка на земјоделството и наводнувањето, како и за социјалната заштита, со цел да се ублажат ефектите од повисоките цени на храната врз сиромашните. Повеќето ресурси одат во Африка и Блискиот Исток, Источна Европа и Централна Азија и Јужна Азија.

Тие области се меѓу најтешко погодените од војната во Украина. Земјите како Египет се во голема мера зависни од украинската и руската пченица и се борат за снабдување затоа што Русија го блокираше извозот на украинските земјоделски производи од пристаништата на Црното Море и воведе ограничувања за домашниот извоз.

Коронавирус