петок, 21. септември 2018. Вести денес: 68
home Вести

СБ на ОН во петок ќе расправа за ситуацијата во Идлиб

СБ на ОН во петок ќе расправа за ситуацијата во Идлиб

Советот за безбедност на ОН во петок ќе одржи состанок за ситуацијата во сириската провинција Идлиб, информира американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.

Таа го повтори ставот на Вашингтон дека очекуваната офанзива на сириските владини сили во провинцијата би можела да предизвика хуманитарна катастрофа.

Хејли информира и дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да биде домаќин на состанок на СБ на ОН на високо ниво за Иран овој месец, додека САД претседаваат со тоа 15-члено тело.

Трамп вчера го предупреди шефот на сириската држава Башар ал Асад и неговите сојузници Иран и Русија да не ја „напаѓаат невнимателно“ северозападната сириска провинција Идлиб која е под контрола на бунтовниците.

– Претседателот на Сирија Башар ал Асад не треба невнимателно да ја нападне провинција Идлиб. Русите и Иранците ќе направат голема хуманитарна грешка ако учествуваат во оваа потенцијална човечка трагедија. Можат да бидат убиени стотици илјади луѓе. Не дозволувајте да се случи тоа, напиша Трамп на Твитер.

(Миа)