понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 100
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

СБ на ОН со осуда за тероризмот во Африка

СБ на ОН со осуда за тероризмот во Африка

Советот за безбедност на ОН остро ги осудува зголемените закани за мирот и стабилноста во Африка од тероризам. Тие ги повикуваат сите земји „да размислат за издвојување поголеми средства и експертска помош“ за зајакнување на напорите што веќе ги прави Африка во борба против тероризмот и насилството и насилниот екстремизам.

Амбасадорката на Африканската унија во ОН, Фатима Кијари Мохамед го предупреди СБ дека тероризмот и насилниот екстремизам се здобиваат со невидени размери и се шират во и надвор од африканскиот континент.

Во изјавата на три африкански земји-членки се предупредува дека странските државјани кои се борат од страната на ИД во Ирак и Сирија се повеќе бегаат кон Африка, особено во делови кои немаат силна државна контрола.

Во овие средини, овие луѓе го искористуваат незадоволството и сиромаштијата на локалното население, применуваат брутална сила и се впуштаат во прекугранични криминални активности.

Во соопштението се вели дека некои групи на Ал Каеда и ИСИСА соработуваат во координирани напади за заземање делови од национални територии.

Коронавирус