недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Саудиски принц тврди дека Кашоги бил опасен исламист

Саудиски принц тврди дека Кашоги бил опасен исламист

Саудискиот принц Мохамед Бин Сaлман изјави дека според него убиениот новинар Џамал Кашоги бил опасен исламист.

Во телефонски разговор со зетот на претседателот на САД, Џаред Кушнер и советникот за национална безбедност Џон Болтон, принцот изјавил дека Кашоги бил член на „Муслиманско братство“. Овој разговор бил воден на 9 октомври, седум дена откако исчезна новинарот, пишува „Вашингтон пост“. Саудиска Арабија ги негираше извештаите на „Вашингон пост“ и „Њујрок тајмс“ за овој разговор.

Семејството на Кашоги негираше дека тој бил член на „Муслиманско братство“.

– Џамал Кашоги не беше опасна личност на кој и да е начин. Да се тврди поинаку е лудост, се наведува во изјавата на неговото семејство. (МИА)

Коронавирус