сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 76
home Вести

Саудиски принц: Го сакам Трамп, им плативме на САД за оружјето

Саудиски принц: Го сакам Трамп, им плативме на САД за оружјето

Саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека го предупредил саудискиот крал дека нема да опстане на власт ниту две недели без поддршка на американската армија, и побара Ријад во целост да го плати долгот.

– Сакам да работам со него. Знаете, морате да прифатите дека секој пријател ќе каже и добри и лоши работи, рече саудискиот престолонаследник во интервју за „Блумберг“.

Тој додаде дека Саудиска Арабија верува оти целото оружје кое го добила од САД е платено, истакнувајќи дека не станува збор за бесплатно оружје.

Мухамед бин Салман нагласи дека откако Саудиска Арабија и САД вопоставиле односи, Ријад „се купувал со пари“.

Трамп пред неколку дена рече дека саудискиот крал можеби нема да биде на власт ниту две недели без американска поддршка, со што го зголеми притисокот врз еден од своите најблиски арапски сојузници да прекине со зголемување на цената на нафтата и да плати за воена заштита.