понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 167
home Вести

Саудиска Арабија негира вмешаност во нападот во Иран

Саудиска Арабија негира вмешаност во нападот во Иран

Саудиска Арабија негираше поврзаност со нападот врз иранската Револуционерна гарда во градот Ахваз, во кој беа убиени 25 лица, а десетици беа ранети.

Иран ги обвини САД, Израел и соседните арапски држави за поттикнување на сунитските арапски сепаратисти во западниот дел на земјата, кои се осомничени за нападот.

– Саудиска Арабија ги отфрла и ги осудува овие лажни обвинувања дека Саудиска Арабија била вмешана во настаните во Иран во саботата, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи.

Двете големи нафтени сили се сметаат за предводници на различните струи во исламот – сунитската и шиитската – и се борат за превласт во Ирак, Јемен, Сирија и други земји во регионот.

Иранските обвинувања за вмешаност во нападот веќе ги отфрлија и американскиот државен секретар Џејмс Матис и властите на Обединетите Арапски Емирати.

МИА

Коронавирус