вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 104
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Вести

Саудиска Арабија им плаќа по 133.000 долари како надомест на семејствата на здравствените работници кои починаа од Ковид-19

Саудиска Арабија им плаќа по 133.000 долари како надомест на семејствата на здравствените работници кои починаа од Ковид-19

Саудиска Арабија почна да ги обесштетува семејствата на здравствените работници кои починаа од коронавирусот, објавија денеска државните медиуми, откако минатата година беше ветено дека секој ќе добие по 133.000 долари.

Кралството во октомври минатата година соопшти дека ќе подели „по 500.000 саудиски ријали на семејствата на починатите здравствени работници од Ковид-19, без разлика дали работеле во државни или приватни, цивилни или воени институции, дали се Саудијци или не-Саудијци“.

Земјата во Персискиот Залив која е богата со нафта наведува дека одлуката важи од „датумот на првата регистрирана инфекција“ во државата на 2 март 2020 година.

– Тие го дадоа својот живот во борбата против пандемијата со цел да се зачува здравјето и безбедноста на граѓаните и жителите на кралството, се наведува во соопштението. Не е познато колку здравствени работници починале од коронавирус во Саудиска Арабија, каде илјадници странци се вработени како медицински персонал.

Владата ја забрза националната кампања за вакцинација, бидејќи се обидува да го оживее туризмот и другите сектори погодени од пандемијата, како што се спортот и забавата.

Вакцинацијата во Саудиска Арабија е задолжителна за секој што сака да влезе во јавни и приватни институции, вклучително и образовни институции и места за забава, како и да користи јавен превоз.

Коронавирус