четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Саркози обвинува дека пресудата е „длабока неправда“

Саркози обвинува дека пресудата е „длабока неправда“

 Поранешниот шеф на француската држава, Никола Саркози, кој вчера беше осуден во таканаречениот случај „прислушување“, денеска изјави дека е подготвен да поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права и остро ги критикуваше судиите кои го казнија, јави дописникот на МИА..

Првиот претседател осуден на затворска казна во Петтата француска република, Никола Саркози, за првпат зборуваше за неговата осуда, во интервју за „Фигаро“. Осуден на три години затвор, од кои две условни, во таканаречениот случај „прислушување“, Никола Саркози се осврна на својата желба да се жали, остро критикувајќи ги судиите кои го санкционираа.

За потсетување, Никола Саркози и Тиери Херцог беа прогласени за виновни за кривични дела „активна корупција“ и „трговија со влијание“, на што на адвокатот му се додава и „повреда на професионалната тајна“. Поранешниот советник на Касациониот суд, Гилберт Азиберт, е прогласен за виновен за „пасивна корупција“ и „прикривање на повреда на професионалната тајна“.

-Ја обжалив одлуката, можеби оваа борба ќе мора да заврши пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). За мене би било болно да ја осудам својата земја, но јас сум подготвен затоа што тоа ќе биде цена на демократијата, предупреди поранешниот шеф на државата.

Тој упати на судската практика на ЕСЧП, каде е доволно жалителот да се сомнева дека неговиот судија не е непристрасен за да може да бара да се изземе. Со оглед на оваа судска пракса, може да се појави прашањето за пристрасноста на одредени судии.

-Отсекогаш сум велел, и се уште велам, дека мешањето меѓу крвни сродници е лошо, во сите сфери на животот, изјави Саркози.

Преку своите забелешки, поранешниот претседател ја одржува својата одбранбена линија против пристрасноста на судството кон него, уште еднаш подгревајќи го хистеричниот однос со судиите.

Критиката беше отфрлена од Синдикатот на судиите, од кладе повторија дека „правдата е за секого“. Кога беше претседател, неговите односи со судиите често беа затегнати, понекогаш ужасни, особено кога ги нарекуваше „грашок“.

Зборувајќи за „длабока неправда“ и велејќи дека е „осуден за она што не го сторил, поранешниот претседател, во интервјуто подетално се осврна  и на предметот. Судот смета дека Никола Саркози и Тиери Херцог навистина се обиделе да влијаат на претстојната одлука на Касациониот суд во врска со одземањето на претседателските агенди во контекст на аферата Бетанкур, благодарение на помошта од судијата Гилберт Азиберт и врските кај неговите колеги, во замена за ветувањето дека ќе добие за него почесна функција во Монако.

За Никола Саркози, пресудата „е преполна со недоследности“.

-Јас велам дека за едно лице да се осуди, во владеењето на правото требаат докази. И нема докази во ова досие, инсистира тој. Според нивната пресуда, судиите се повикуваат на транскрипција на 17 телефонски разговори пресретнати од јануари до февруари 2014 година помеѓу поранешниот претседател на републиката и неговиот адвокат на нивната окултна линија „Бизмут“.

Од овој документ, тие сметаа дека „пактот за корупција“ може да се воспостави, со што се потврдуваат кривичните дела „активна корупција“ и „трговија со влијание“, иако одлуката на Касациониот суд беше неповолна за Никола Саркози – таа ја потврди законитоста за внесување на неговите агенди – и функцијата во Монако, платена 5.000 евра годишно, не му беше доделена на Гилберт Азиберт.

Никола Саркози вечерва во 20 часот треба да зборува на ТФ1, најгледаните француски телевизиски вести.

Коронавирус