сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Вести

Саркози доби 1 година затвор – казната ќе ја издржува дома

Саркози доби 1 година затвор – казната ќе ја издржува дома

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози (66), денеска е првостепено осуден на три години затвор, од кои две условено поради корупција и злоупотреба на службената положба.

Одлуката ја донесе парискиот Кривичен суд, а заедно со Саркози беа осудени и Тиери Херцог и Жилберт Азибер, пренесува француски „Фигаро“.

Шеесет и шестгодишниот политичар, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, е осуден затоа што се обидел незаконски да открие информации за правни постапки преземени против него од страна на висок судија во 2014 година, пренесува АП.

На суд беше наведено дека тој ќе има право да бара издржување на казната од дома со електрична белезица.

Саркози ќе се соочи со уште еден судски процес подоцна овој месец заедно со 13 лица под обвинение за незаконско финансирање на неговата претседателска кампања во 2012 година.

Коронавирус