понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 38
home Вести

„Самсунг“ ги негираше наводите за поткуп на членови на ИОК

„Самсунг“ ги негираше наводите за поткуп на членови на ИОК

Компанијата „Самсунг“ кој е еден од спонзорите на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), ги негираше наводите за поткуп на членовите на организацијата.

Претходно се појавија информации дека „Самсунг“ понудил договори за маркетинг и спонзорство во замена за гласови за поддршка на доделување на Зимските олимписки игри 2018 на Пјонгчанг, Јужна Кореја.

Се шпекулираше дека 27 членови на ИОК биле вклучени во аферата.

– „Самсунг“ легално го спонзорираше ИОК, исто како што е случај со други договори за спонзорство, се вели во соопштението на компанијата за електроника чие седиште е во Јужна Кореја. 

Коронавирус