понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Самоубиствен напад во џамија: Убиени 39 лица, многу повредени, хоспитализирани 20 деца

Самоубиствен напад во џамија: Убиени 39 лица, многу повредени, хоспитализирани 20 деца

Триесет и девет лица загинаа, а најмалку 80 се повредени при денешниот двоен самоубиствен напад во шиитска џамија во Авганистан, соопштија полицијата и претставници на локалните власти.

Двајца вооружени напаѓачи, облечени во бурки, во текот на петочната молитва влегоа во исламскиот храм, каде во тоа време имало над 100 лица.

Нападот беше извршен во градот Гардез, во источната провинција Пактија. Во локалната болница се хоспитализирани 70 лица, од кои 50 возрасни и 20 деца.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Талибанците негираат дека го извршиле нападот.

Коронавирус