понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 65
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Самитот за климата во Мадрид заврши без суштински резултат

Самитот за климата во Мадрид заврши без суштински резултат

Учесниците на самитот на Обединетите нации за борба со климатските промени, што изминатите денови се оддржуваше во Мадрид, заврши без суштински резултати, јавија светските агенции.

На денешната завршна сесија земјите учеснички ја подвлекоа „итната потреба“ за дејстување против глобалното затоплување, но не успеаја да постигнат согласност за суштествените прашања, меѓу кои се справувањето со вонредните климатски ситуации, како и огромниот притисок од екоактивистите .

По две недели тешки преговори конференцијата на ОН за климата, одржана во Мадрид, не успеја да постигне договор за правилата на меѓународните пазари на јаглероди, тема која беше зафатена во последниот дел од Парискиот договро за климата од 2015 година.