понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 126
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Вести

Самит на НАТО за стратегијата за следната деценија

Самит на НАТО за стратегијата за следната деценија

Шефовите на држави и влади на НАТО се состануваат денеска во Брисел за да разговараат за стратегијата на Алијансата за следната деценија.

Агендата вклучува дискусии за односите со Русија и Кина, вклучително и за прашањето за иден договор за контрола на оружјето, како и безбедносни закани. Исто така, ќе биде разгледано прашањето за Авганистан, каде повлекувањето на сојузничкиот воен контингент завршува до септември.

Ќе бидат донесени одлуки за подобрување на одбранбените способности во вселената и на интернет. Се очекува одобрување за фгормирање заеднички фонд за поддршка на истражување за развој и имплементација на најновите технологии во одбраната.

Учесниците ќе разговараат за продлабочување на соработката со ЕУ во областа на безбедноста и ќе донесат одлуки за зголемување на заштитата на важната инфраструктура и синџирите на снабдување.

Во пресрет на состанокот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази очекување дека ќе бидат донесени одлуки за подобрување на политичката кохерентност меѓу сојузниците. Американскиот претседател Џо Бајден ќе присуствува на состанокот за првпат како шеф на државата.

Коронавирус