недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 57
home Вести

Самит на ЕУ лидери на 1. и 2 октомври

Самит на ЕУ лидери на 1. и 2 октомври

Лидерите на Европската унија ќе се соберат на самитот во Брисел на 1 и 2 октомври, потврдено е во кабинетот на претседателот на Европскиот совет.

Портпаролот Баренд Лејтс вели дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по втор пат имал негативен тест на Ковид-19 и продолжува со подготовките за самитот со кој ќе претседава.

Самитот на ЕУ-27 првично беше закажан за 24 и 25 септември, но беше одложен затоа што службеникот за безбедност на Мишел бил позитивен на коронавирус. (МИА)

Коронавирус