петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 121
home Вести

Салман: Одговорен сум за убиството на Кашоги, но не го нарачав

Салман: Одговорен сум за убиството на Кашоги, но не го нарачав

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман повтори дека „презема целосна одговорност“ за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, но ги отфрли тврдењата дека го нарачал.

– Тоа е гнасно злосторство. Како лидер на Саудиска Арабија преземам целосна одговорност, особено што тоа злосторство го извршиле лица кои работат за саудиската Влада, изјави принцот во емисијата „60 минути“ на американската телевизија Си-Би-Ес.

На прашањето дали го нарачал убиството на Кашоги, кој го критикуваше во колумна во Вашингтон пост, принцот Мохамед одговори: „Апсолутно не“.

Тој додаде дека убиството на новинарот било „грешка“.

Кашоги беше убие во саудискиот конзулат во Истанбул 2018 година. За убиството се обвинети 11 лица, но досега се одржани само неколку рочишта.