петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Саливан: Официјална Москва ќе има последици доколку Навални почине во затвор

Саливан: Официјална Москва ќе има последици доколку Навални почине во затвор

Администрацијата на Џо Бајден разгледува опции Москва да претрпи „последици“ доколку опозицискиот лидер Алексеј Навални умре во затвор, изјави синоќа Џејк Саливан, советник за национална безбедност на претседаетелот.

-Комунициравме со руската Влада дека тоа што му се случува на Навални додека е во државен затвор е нивна одговорнот и тие ќе бидат повикани на отчет од меѓународната заедница, изјави Саливан за телевизијата Си-Ен-Ен

Што се однесува до конкретните мерки. преземени од наша страна, додаде тој, „разледуваме различни варијанти и нема сега да ги кажам јавно, но ние укажавме дека ќе има последици доколку Навални почине“.

Претходно, Бајден ја окарактеризира како неприфатлива и „неправедна“ ситуацијата кога здравјето на Навални во затвор драматично се влоши. Од пред крајот на март опозиционерот штрајкува со глад бидејќи по појавените болки во нозете и грбот, побара да биде лекуван од неговите лични лекари, а не од лекарски персонал од затворот, на кого тој не му верува.

Лекарите на Навални вчера од местото каде што е затворен на околу 100 километри од Москва, соопштија дека затворската служба не дозволува посета на нивниот пациент. Тие изјавија дека со оглед на последната анализа на крвта на Навални, ситуацијата е критична и дека тој може да почине во некој од наредните денови.

Коронавирус